Автошкола

Автошкола

Автошкола е веб софтверска апликација која е наменета за унапредување на работата на Центрите за обука на возачи на моторни возила во Република Северна Македонија - Авто школи. Апликацијата го опфаќа комплетниот курс на обука за стекнување возачка дозвола за сите категории моторни возила (обука за теоретски дел – тест, обука за прв практичен дел – полигон и обука втор практичен дел – градско возење), комплетната евиденција на курсот за обука на кандидати за возачи со сите филтри (категории на моторни возила, пол, градови...), статистички извештаи како и финансиски извештаи за потребите на раководството. Апликацијата е развиена во 2010 година и во изминатиот период истата постојано технолошки и функционално се надградува, приспособува и унапредува согласно законските потреби и потребите на корисниците.