СИЦ

СИЦ

СИЦ (Сообраќаен Испитен Центар) е веб софтверска апликација наменета за работата на Сообраќајните испитни центри за возачи на моторни возила во Република Северна Македонија. Апликацијата го опфаќа комплетниот тек на испитот за стекнување возачка дозвола за сите категории моторни возила (пријавување, закажување теоретски дел – тест, прв практичен дел – полигон и втор практичен дел – градско возење), комплетната евиденција на успех на кандидатите за возачи на испитите како и извештаи со сите филтри (категории моторни возила, пол, градови, автошколи, места за пријавување...), статистички извештаи за потребите на МВР како и како финансиски извештаи за потребите на раководството на испитните центри. Апликацијата е развиена во 2008 година и на почетокот ја користеа 4 од 8-те постоечки испитни центри во Република Северна Македонија. Во изминатиот период, апликацијата постојано технолошки и функционално се надградува, приспособува и унапредува согласно законските потреби и потребите на корисниците и моментално ја користат сите 8 постоечки Сообраќајни Испитни Центри.

"Веќе 16 години го користиме СИЦ софтверот на Лабком во нашиот испитен центар. Софтверот целосно ги задоволува нашите потреби, а Лабком секогаш и во секое време се достапни за било какви корекции или прилагодувања кои може да се појават во текот на работата."

Африм Емини - Управител, СИЦ Топ Драјвер